Хаос во Бања Лука: Го возел пријателот на хауба, па го прегазил

Српска полиција / Фото: ЕПА

Едно лице е уапсено, а едно е тешко повредено по драмата што се случи синоќа во Бања Лука.

Според информациите од порталот Српскаинфо, по сообраќајната несреќа, едно лице се здобило со сериозни повреди и се наоѓа на лекување во Универзитетскиот клинички центар на Република Српска.

Извор на Српскаинфо објаснува дека се започнало во едно кафуле, каде што лицата од Бања Лука се напиле, а потоа настанал конфликт кога се вратиле дома.

– Сопственикот на возилото седна во својот автомобил „Опел Корса“ за да си оди дома, но младиот човек кој беше со него не му дозволи да вози и во таа прилика настана конфликт меѓу нив. Покрај тоа, сопственикот се вратил во возилото и го стартувал, а друго лице скокнало на хаубата и се обидело да го спречи да си замине дома – вели изворот на Српскаинфо.

Тој додава дека и покрај тоа, возачот го стартувал возилото и се упатил кон градот, возејќи го тоа лице на хаубата.

– Пристигнувајќи на споменатата крстосница, тоа лице паднало од хаубата и возачот буквално го прегазил и продолжил да вози. Тој не застана, туку возеше дома. Некој го виде сето тоа и пријави во полиција, која излезе на местото на настанот – истакнува соговорникот на Српскаинфо.

Тој понатаму додава дека лицето се здобило со тешки повреди и е пренесено во болница, и дека полицијата започнала потрага по возачот.

Истата ноќ, тој беше пронајден и уапсен и сега е под кривична истрага од полицијата.

Портпаролката на полициската управа во Бања Лука, Данијела Мужибабиќ, за Српскаинфо потврди дека оваа несреќа им била пријавена синоќа околу 1,10 часот и дека е спроведена истрага во присуство на дежурниот обвинител.

Додека траеше истрагата, полицијата го блокираше сообраќајот на споменатата крстосница.

Извор: Српскаинфо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот