ХАОС на Табановеце-Прешево: One stop, за еден саат гоу, патниците заглавени и нервозни (ФОТО)

Вечерва е вистински хаос на граничниот премин Табановце-Прешево. Долги колони возила чекаат да ја поминат границата. Нервозните патниците реагираат дека се чека и по час и половина.

-Иако е толку голема гужва се пуштени само две ленти. Навистина не е во ред ваков однос – вели читателка на „Слободен печат“ која ни испраќа и фотографија од моменталната состојба.

На овој граничен премин слична беше состојбата и утринава, кога повторно имаше колони.

Инаку на 26 август  на овој граничен премин премиеот Зоран Заев и српската премиерка Ана Брнабиќ, го означија официјалното започнување на заеднички контроли на овој граничен премин популарно „one stop shop“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот