• гужва

Гужва на граничниот премин Делчево, повеќе од два часа се чека за влез во Бугарија

На граничниот премин кај Делчево има колони возила кои чекаат за влез во Бугарија. Граѓани велат дека чекаат најмалку два часа и дека се пропуштаат само по неколку возила. – Така е со денови, велат граѓани кои живеат во пограничниот реон.