Хана Хуљиќ одговори на гласините дека чека второ дете со Петар Грашо: Не сакам да се пишува за тоа

Петар Грашо и Хана Хуљиќ
Петар Грашо и Хана Хуљиќ / Фото: Инстаграм/Петар Грашо/Хана Хуљиќ

Хрватската пејачка Хана Хуљиќ и нејзиниот сопруг Петар Грашо, кој важи за една од најголемите регионални музички ѕвезди, станаа родители на ќерката Алба во јули 2022 година. Во последните неколку месеци, повеќе хрватски медиуми пишуваа дека познатата двојка повторно очекува принова во семејството.

Хуљиќ неодамна гостуваше во емисијата „Ин магазин“ на хрватската телевизија Нова и ги прокоментира овие написи.

„Не чекаме дете и, едноставно, воопшто не сакам да се пишува нешто такво. Воопшто не сакам да одговарам, ниту да коментирам, бидејќи потоа сите ќе се фатат за тоа. Затоа само молчам и дозволувам да помине бидејќи, не знам веќе, веројатно луѓето измислуваат за да имаат што да пишуваат“, одговори таа.

Хана Хуљиќ / Фото: Интаграм/Хана Хуљиќ

Пејачката откри и како таа и Грашо се снаоѓаат во новите животни улоги – мајка и татко.

„Па, мислам дека добро се снајдов. Како и секоја мајка си ‘фрлена во оган’ и не знаеш што, како. Но, на крајот сфаќаш сѐ. За мене е исто како и за сите други мајки“, рече таа за себе.

Хана Хуљиќ за време на бременоста / Фото: Инстаграм/Хана Хуљиќ

Грашо се снаоѓа подобро од неа, вели таа.

„Тој е прекрасен во сè, навистина. Благословена сум што имам некој покрај себе со кого сето ова е полесно. Всушност, тој се снаоѓа подобро од мене. Тој е многу порелаксиран“.

Тончи Хуљиќ, таткото на Хана, и Петар Грашо / Фото: Инстаграм/Петар Грашо

Нивната ќерка Алба веќе ја покажува љубовта кон музиката.

„Таа е весела, жива, насмеана и мислам дека чувствува дека спиењето ѝ го губи денот, па не сака да си ги губи деновите. Малку спие, доста е жива. Навистина е забавно со неа. Сега веќе стана мало човече кое разбира сѐ и е многу слатко, навистина сме среќни“, изјави таа.

Сите се изненадени што Алба на само една и пол година има толку голем интерес за музика.

„Сите сме изненадени. Јас пеам нешто, па таа го повторува – фасцинантно за бебе кое нема ни година и пол. Не знам дали ми се допаѓа или не. Не би сакала да биде оптоварена со музика во животот или оптоварена со тоа што мора да продолжи да прави нешто. Нека го прави она што го сака, но мило ми е што ја чувствува музиката, бидејќи таа е сепак дел од нас, дел кој се префрлил на неа“, откри Хуљиќ.

Хана Хуљиќ
Хана Хуљиќ на својата венчавка со Петар Грашо / Фото: Инстаграм/Josip Art Hair

Да потсетиме, Хуљиќ и Грашо се венчаа пред речиси две години, а нивната венчавка привлече големо медиумско внимание.

„Очекувавме дека ќе биде така, но не во толкава мера. Толку го живеам својот живот, си го правам своето и едноставно не сакам да се мешам во туѓите животи, што отсекогаш сум бил фасцинирана од ваков интерес за туѓите животи“, рече пејачката.

Тончи Хуљиќ за зетот Петар Грашо: Тој е лош пример за сите мажи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот