Тончи Хуљиќ за зетот Петар Грашо: Тој е лош пример за сите мажи

Фото: Инстаграм/Петар Грашо

Музичарот Тончи Хуљиќ гостуваше во емисијата „Ин Магазин“ на хрватската телевизија „Нова“, каде зборуваше за новите музички проекти со неговата придружна група „Мадре Бадеса“, но и за новата животна улога – дедо на малечката Алба, ќерката на Хана Хуљиќ и Петар Грашо.

Тој вели дека малку за заситил од поп музиката и дека сега повеќе ужива во моментите со внуката.

„Не стигнуваш да работиш и не можеш да се сконцентрираш. Мора да бидеш присутен, денешните деца имаат многу барања, особено ако имаат енергија како неа [Алба]. Таа не е секојдневна [се смее]. Но, веројатно секој дедо зборува вака за своето внуче. Таа е многу музикална, екстремно“, вели Хуљиќ.

Доменица Жувела, Хана и Тончи Хуљиќ / Фото: Инстаграм/Хана Љуљиќ

Во разговорот за „Ин магазин“, тој откри за што е најмногу горд.

„Во моментов сум многу горд, па дури и мал загрижен за тоа каква мајка е Хана. Таа се претвора од девојче во грижлива мајка, на која мораме да внимаваме, затоа што ќе дозволи ќерката да ја изеде во целост… Тој мајчински инстинкт е навистина неверојатен, таа сакаше да биде мајка и тоа ѝ се оствари. Навистина уживаме со ова дете, кое, во најмала рака, е специфично – како и неговите родители и баба и дедо“, рече тој.

Тончи Хуљиќ и Петар Грашо / Фото: Инстаграм/Петар Грашо

Како што вели музичарот, тој и неговата сопруга Вјекослава не сакаат да се мешаат во воспитувањето на малата Алба. Исто така, Хуљиќ го сподели своето мислење за зетот Петар Грашо.

„Тој е лош пример за сите мажи. Човекот е толку брилијантен во домот, што сите пријатели што ги однесов таму со сопругите ми рекоа да не ги носам веќе за да не гледаат што се случува. Човекот навистина знае да готви и тоа е неверојатно. Затоа нема зошто да му делам совети, а и нема полошо од тоа бабата и дедото постојано да се мешаат кај децата – мешај се толку колку што бараат од тебе“, вели музичарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот