„Халкбанк“ ќе стартува со платниот промет: Од 1 март на 500 поштенски шалтери

Фото: mia.mk

Потврден е 1 март, како рестарт на платниот промет во околу 300 поштенски филијали во земјва. Одтогаш „Халкбанк“ ќе почне да ги користи нивните шалтери како банкарски, што беше предвидено со договорот, склучен на крајот на минатата година, велат за „Слободен печат“ од Македонска пошта.

Не откриваат со какви провизии ќе се работи при плаќањето на комуналните сметки, но додаваат, дека тие ќе бидат ниски. Освен, стандардните банкарски услуги на поштенските шалтери ќе се понудат и други, кои освен за комитентите на „Халкбанк“, ќе бидат достапни и за останатите клиенти.

По 12 август, кога на Еуростандард банка, која претходно имаше договор со Пошта и беше одземена дозволата за работа, граѓаните за сите услуги ги користеа банките, кои пак имаат различни провизии за плаќање на сметките во распон од 30 до 70 денари, во зависност дали примате плата преку нив.

Враќањето на платниот промет со нетрпение го чекаат и близу 900 службеници, кои се обучени за овие операции. Според договорот, 71 отсто од приходите, ќе се влеваат во касата на Пошта, а 29 отсто ќе бидат за банката. Новиот генерален директор на Пошта, Јани Макрадули, најави решавање на финансиските проблеми и модернизација на работењето на оваа компанија во државна сопственост, за која Владата подготвува терен за продажба или преземање со јавно јавно-приватно партнерство. Според Макрадули, се воведуваат нови услуги, како на пример платформа за е-услуга, алатка на која ќе се темели идното работење на Пошта.

Во меѓувреме Владата достави измени на Законот за поштенски услуги со кои се бара одлужување на либерализацијата на поштенскиот пазар по седми пат.  (С.К.)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот