Хабиб ја одби можноста за „кам-бек“: Купив овци и се занимавам со земјоделство!

Фото: Инстаграм

УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов (32), се пензионираше минатиот месец откако ја одбрани титулата со победата над Џастин Гејџи, и се чини дека Дагестанецот не планира да го смени мислењето.

– Можете да се борите колку што сакате, но мора да имате цел. Јас ја исполнив мојата – рече Хабиб, кој кариерата ја заврши со 29 победи и ниту еден пораз.

Истакнува дека во моментов е многу задоволен од начинот кој го води неговиот живот.

– Ќе дипломирам следната година и сакам да напредувам што е можно повеќе во однос на моето образование. Купив овци и се занимавам со земјоделство. Би сакал да развијам бизнис во таа област. Имам крави и бикови и целосно сум посветен на земјоделството. Не е тоа сè уште на високо ниво, но јас само што започнав. Сакам да го работам тоа во што сум корисен – „РТ Спорт“ ги пренесува зборовите на Хабиб.

Да потсетиме, Хабиб се повлече затоа што повеќе не сакаше да се бори без неговиот татко Абдулманап, кој почина на почетокот на оваа година по операцијата на срцето дополнително комплицирана од коронавирусот.

Во меѓувреме се споменуваше можноста за нова борба против Ирецот Конор МекГрегор или против легендарниот ММА канадски борец Жорж Сен-Пјер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот