Гвинет Полтроу со болно признание за пораѓањето со своето прво дете: „Можевме и двете да го загубиме животот“

Гвинет Полтроу
Гвинет Полтроу со ќерка и/Printscreen/Instagram

Холивудската глумица Гвинет Полтроу раскажа дека била во животна опасност кога ја раѓала ќерка си Епл (17) и поради тоа била испратена на итен царски рез.

Гвинет која ја роди Епл Мартин во бракот со поранешниот сопруг Крис Мартин, фронтменот на „Колдплеј“, отворено раскажа за „лудото“ пораѓање за првпат и дискусијата околу влијанието врз жените што се здебелуваат по породувањето, особено од социјалните мрежи, пренесува „Тelegraf“

Глумицата откри дека царскиот рез кој морал да биде направен, и` оставил голем белег на телото, притоа ги критикуваше социјалните мрежи поради нереалните очекувања околу тоа како треба да изгледаат жените по породувањето.

„Имав два царски реза. Со ќерка ми беше итен, беше навистина лудо и речиси ќе умревме и двете. Не беше добро – почна Гвинет со својата исповед.

Имав огромна лузна на телото и реагирав „Ух, ова не беше тука претходно“. И не е дека е тоа нешто лошо за веднаш да се осудуваш себеси, но е шок.“ – објасни глумицата.
Актерката на шега вели дека среќа е што тогаш не постоеше Инстаграм платформата, затоа што сигурно ќе се појавела некоја нереалистична слика од жена тазе породена со совршени стомачни.

Гвинет вели – „Опседнати сме со очекувањата од другите за нас, да изгледаме вака или онака. Поради што? – прашува таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот