Гурмански викенд: Салата со киноа, фета и јајца

Фото: Profimedia

Салата од свеж сезонски зеленчук, кремаста фета, јајца и киноа зачинета со сок од лимон и маслиново масло е убаво освежување на менито.

Киноа е егзотична псевдожитарка, а всушност е исклучително вкусно и хранливо семе на растение кое е поврзано со спанаќ и сѐ повеќе го освојува западниот свет. Богата е со протеини, аминокиселини, несварливи влакна, фосфор, магнезиум, цинк, бакар, манган и железо, и лесно може да ја консумираат луѓе алергични на глутен.

Ако додадете свеж зеленчук во варената киноа, ќе добиете освежувачки и заситувачки оброк што ќе биде уште поздрав со тврдо варени јајца. Имено, неодамна објавената студија на Универзитетот во Пердју покажа дека ако има јајце во салатата, телото ќе апсорбира дури 500 пати повеќе хранливи материи од зеленчукот. Јајцата значително ја подобруваат апсорпцијата на каротеноиди од зеленчукот, дури за 500 отсто.

Состојки:

– ½ чаши киноа

– свежа краставица

– 250 грама чери домати

– малку рукола (околу 50 гр)

– 150 грама фета сирење

– 3 тврдо варени јајца

За преливот:

– половина лимон

– 2 лажици маслиново масло

– малку сол

Подготовка:

Под млаз ладна вода во цедалка исплакнете ја киноата додека не престане да се пени за да го отстраните сапонинот содржан во нејзините зрна.

Ставете ја измиената киноа во сад и додајте чаша вода, покријте, додајте малку сол и оставете да зоврие.

Кога водата врие, намалете го огнот и варете го покриен додека киноата не ја впие целата вода (околу 12-14 минути). Дека киноата е сварена, ќе знаете кога ќе се појават бели ленти.

Оставете да се излади целосно и на  додадете исечени домати, сечкана краставица, рукола, исечени тврдо варени јајца и раздробена фета.

Зачинете и уживајте во оваа хранлива, здрава и освежувачка салата.

Можете исто така да го подготвите еден ден однапред и да ги ставите сите состојки (разладени) во кутија со капак и да ја прелиете со зачини пред јадење

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот