Ѓуриќ по историскиот резултат на изборите: Приштина мора да тропне на вратата на Српската листа ако сака легитимни институции

Фото: Принтскрин

На вонредните парламентарни избори на Косово и Метохија, Српската листа ги освои сите 10 загарантирани мандати, пренесува Курир.рс

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, порачува дека „нема легитимна влада во Приштина и покраинските институции без учество на српски претставници“.

Според прелиминарните резултати, Рамуш Харадинај и Кадри Весели заминуваат во опозиција.
Ѓуриќ рекол дека Србите покажале дека кога е тешко, тие знаат да бидат единствени. За време на кампањата, Српската листа, потсетуа тој, била опструирана со цел Србите од Косово и Метохија да се одделат од Белград.

– Србите во Косово и Меттохија го разбираат значењето единството, се одѕиваат на повикот од својата држава – порачал Ѓуриќ.

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија рекол дека Србите ќе зборуваат со силен и единствен глас пред Албанците, но и пред меѓународната заедница.

Со освојувањето на сите 10 мандати, според него, сега веќе преговарачката позиција на Србија е полесна.
Ѓуриќ истакнува дека „нема легитимна влада во Приштина и покраински институции без учество на српски претставници“.

– Ќе мораат да тропаат на вратата на Српската листа ако сакаат легитимно формирани институции, за тоа се изборија Србите – порача Ѓуриќ.

Според прелиминарните резултати од вчерашните избори во Косово и Метохија, победата ја однесе партијата на Самоопределување на Албил Курти, додека Харадинај и Кадри Весели се селат во опозиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот