Ѓурѓај му јa врачи почесната награда „Илинден” на Архимандрит Партениј

Фото: МИА

Претседателот на македонското друштво „Илинден” со седиште во Тирана, Никола Ѓурѓај беше во посета на Бигорски манастир и на игуменот Архимандрит Партениј лично му ја врачи почесната награда „Илинден”.

– Огромна чест ми беше што токму пред патронот на овој познат божји храм, Отсекувањето на чесната глава на неговиот славен патрон и небесен застапник, великиот пророк, претеча и крстител Господов Јован да се сретнам со отец Партениј и лично да му ја предадам наградата. Му посакав добро здрвје и успешно продолжување на неговата мисија – рече Ѓурѓај.

Во разговорот искажан е заеднички став за унапредување на соработката, но и продолжување на помошта што Бигорски ја дава за црквите каде што живеат Македонци.

Наградата „Илинден” е воведена оваа година по повод јубилејот 10 години постоење на друштвото.

Се доделува на личности кои дале посебен придонес за животот, историјата, културата и зачувувањето на автентичните традиции на Македонците во Република Албанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот