Ѓукановиќ ги врати законите на повторно разгледување во Собранието

Мило Ѓукановиќ

Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ ги врати на повторно одлучување сите закони кои Собранието ги донесе на седницата од 29 ноември, меѓу кои се и измените на Законот за слобода на вероисповед, соопштија денеска од кабинетото на претседателот. Ѓукановиќ се повикува на членот 94 став 1 од Уставот на Црна Гора.

Инаку на собраниското заседание од 29 декември, усвоени се: Законот за измени на законот за труд, измените и дополнувањата на Законот за слобода на вероисповед или верувања и правната положба на верските заедници, измените на Законот за државни службеници, измените на Законот за здравствена заштита, како и измените на Законите за кредитни институции, Законот за санација на кредитните институции и Законот за фискализација во трговијата со стоки и услуги.

Ѓукановиќ, наведувајќи ги причините за одлуката потсети дека согласно членот 90 став 3 од Деловникот на Собранието е пропишано: „Кворум се утврдува со примена на електронскиот систем за гласање, на начин што секој пратеник е должен да се идентификува (пријави) со уфрлање на идентификационата картичка во пратеничкиот пулт на своето седиште или врз основа на евиденцијата на генералниот секретар на Собранието“.

„Оттаму е отворено прашањето дали при почетокот на предметната седница и усвојувањето на нејзиниот дневен ред постоел кворум, а со самото тоа и прашањето за демократскиот легитимитет, како и усогласеност на законите со Уставот на Црна Гора и важечките правни прописи“, наведе Ѓукановиќ во документот упатен до претседателот на парламентот Алекса Бечиќ.

Тој укажува и на „отвореното правно прашање“ на констатирање на престанок на мандатот на пратеникот Филип Аџиќ и потврдувањето на мандатот на Суада Зороњиќ, со оглед на, како што се наведува, мнозински донесената негативни одлука на Државната изборна комисија, „како и на вкупната парламентарна пракса во Црна Гора мандатот на членовите на Парламентот да се потврди дури по предлог на тој независен институционален авторитет“.

Извор: Вијести.ме

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот