Гугл ги заклучи е-налозите на авганистанската Влада поради талибанците

Гугл/ Фото: МИА

 Гугл привремено блокираше неопределен број електронски пошти на авганистанската влада поради стравот дека дигиталната документација оставена од поранешни службеници и нивните меѓународни партнери ќе биде злоупотребена.

Според извештаите на авганистанската Влада, која е поддржана од САД, талибанците би можеле да ги користат биометриски податоци и авганистански платни списоци.

Во соопштението од Гугл се наведува дека е-поштите на авганистанската Влада ќе бидат блокирани и дека компанијата „презема привремени мерки за да обезбеди релевантни сметки”.

Јавно достапните податоци покажуваат дека дваесетина авганистански владини агенции ги користеле серверите за е-пошта на Гугл, вклучително и Министерството за финансии, за индустрија, за високо образование и за рударство. претседателскиот кабинет на Авганистан, како и некои органи на локалната власт.

Истражувачот за безбедност на интернет Чад Андерсон изјави дека талибанците се обидуваат да ја контролираат дигиталната инфраструктура изградена во САД и оти разузнавачките податоци од таа инфраструктура „можат да бидат многу повредни за новата влада отколку старите хеликоптери”.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот