Дмитри Песков / Фото: Sergei Bobylev / Sputnik / Profimedia

„Губиме време и пари, мора да ги подобриме односите со САД“, вели Песков

Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека односите меѓу Русија и Соединетите Американски Држави треба да се подобрат и да се отворат нови можности за трговска и економска соработка.

„Мораме да ги подобриме билатералните односи. Мораме да отвориме нови можности за трговска и економска соработка“, рече Песков во интервју за Си-Ен-Ен, додавајќи дека сегашната ситуација води до губење време и ресурси од двете страни.

Тој истакна дека Кремљ се надева на дипломатска соработка со американскиот претседател Доналд Трамп во решавањето на украинската криза.

Песков предупреди и за опасноста од нуклеарната реторика, истакнувајќи дека нуклеарното оружје е средство за одвраќање, но разговорите за него можат да бидат ризични.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот