Група инвеститори од Катар сака да го преземе англискиот гигант Манчестер јунајтед

фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Група инвеститори од Катар е подготвена да понуди околу четири милијарди евра за купување на англискиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед.

Понудата на катарските инвеститори треба да пристигне во клубот од „Олд Трафорд“ во следните неколку дена. Американското семејство Глејзер во ноември минатата година објави дека ќе го продаде Манчестер јунајтед. Семејството Глејзер е сопственик на клубот од „Олд Трафорд“ од 2005 година.

– Инвеститорите од Катар сакаат да го купат Манчестер јунајтед, бидејќи овој клуб го гледаат како совршен фудбалски проект. Глејзери објавија дека сите заинтересирани за купување на клубот можат да испраќаат понуди до средината на февруари. Катарските инвеститори се убедени дека нивната понуда ќе биде најдобра – објави „Дејли Мејл“.

Изворот наведува дека оваа група инвеститори е подготвена веднаш да вложи многу пари.

– Имаат доволно пари да ги купат фудбалерите што ги сакаат. Тоа се сериозни луѓе кои сакаат да го вратат Манчестер јунајтед таму каде што му е местото. Не се знае колку пари ќе понудат за купување на англискиот клуб, но се претпоставува дека се четири милијарди евра – пишува „Дејли Мејл“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот