Груби за преговорите со „Бехтел и Енка”: Да градиме квалитетно и брзо, сакам да возам сега, а не кога ќе имам 80 години

Фото: Влада на РСМ

Вицепремиерот Артан Груби кој е потписник на Меморандумот со американско-турската градежна компанија Бехтел и Енка најавува дека преговорите со компанијата за изградбата на трите автопатски делници на „коридорите 8 и 10″ ќе започнат веднаш штом законот стапи на сила.

– Очекуваме некаде средината на јули конечно да биде усвоен во Собрание, со што Владата ќе направи експертска група и меѓународна куќа за преговори со конзорциумот Бехтел и Енка. Оваа влада сака да изгради патишта на кои ќе возиме сите заедно, а не да чекаме кога ќе ни истече возачка па тогаш. Сакам да возам сега, а не кога ќе имам 80 години, тоа е идејата,  изјави првиот вицепремиер Артан Груби за Канал 5 телевизија.

И од власта и од опозицијата се согласни за носењето на Законот кој вчера доби амин, но против денеска се огласија од Левица. Тие обвинуваат дека станува збор за скандалозен проект, што според нив го покажува делот каде е предвидено дека домашното законодавство делумно или целосно нема да важи за фирмата.

Груби ги отфрла обвинувањата и уверува дека целиот проект ќе биде транспарентен.

– Би ги замолил дотичните да не ги преземаат улогите на Уставен суд, и Врховен суд и на пратеник и на министер коментирајќи се живо што се случува во државата. Најтранспаретно се носи закон ќе има дебата и на пленарна. Не се работи за коруптивен проект, напротив сакаме да реализираме квалитетно и брзо, а не да чекаме минимум 8 години како што чекаме за Кичево-Охрид, изјави првиот вицепремиер Артан Груби за Канал 5 телевизија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот