Груби: Процесот на децентрализација ги опфаќа идеалите на еднаквост

Артан Груби/Фото - МПСОЗ
Артан Груби/Фото - МПСОЗ

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска учествуваше на конференцијата „Форум за локалната самоуправа во Западниот Балкан“ организирана во Приштина од страна на косовскиот Институт за локална самоуправа. Учесници на конференцијата беа и првиот потпретседател на Владата на Република Косово, Бесник Бислими, заменик претседателот на Владата на Република Албанија, Арбен Ахметај, како и министри и дипломатски претставници.

Груби во својот говор нагласи дека Северна Македонија, во овој долг пат од повеќе од три децении, помина низ различни модели на проширување и тенденции на власт, поточно на односите меѓу централната и локалната власт.

– Фискалната децентрализација продолжи да се реализира во фази, обезбедувајќи им на единиците на локалната самоуправа средства за реализација на нивните надлежности под одредени критериуми, усогласување на буџетот (2007) и процес на задолжување (2009 година). Сите единици на локалната самоуправа досега напредуваа во втората фаза на фискалната децентрализација, која е еден од столбовите на децентрализацијата, бидејќи не може да има ефикасна локална власт без поголема независност во фискалната сфера, исткана Груби во својот говор.

Република Северна Македонија, додаде Груби, презеде важни чекори кон децентрализирано владеење, како аспект на функционална демократија и како фактор кој придонесува за социјалната кохезија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот