Груби: Бугарското барање е апсурдно и не може да се решава со методологија од 18 век

Првиот вицепремиер во Владата и министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, во своето гостување во емисијата 24 Анализа на Телевизија 24 вели дека ставот на Бугарија кон земјава е подеднакво радикален како и ставот на Грција во изминативе години, но сепак тој нагласува дека земјава го реши проблемот со Грција, па така може да се очекува решение и со Бугарија.

– Порадикална ли е позицијата на Бугарија од позицијата на Грција која беше 20 години меч на нашиот врат? Не, ние тоа го решивме. Денеска Македонија е силна држава, игра на европско првенство, членка на НАТО, со добиено зелено светло за членство во ЕУ, вели Груби.

Груби во врска со спорот со Бугарија вели дека проблемот е апсурден и напоменува дека не може да се решава со методологија од 18 век.

– Јас неколку пати повторувам, дека мене ми е апсурдно тоа барање и дека не може да се решаваат спорови во 2021 година со методологија од 18,19 век. Бугарската позиција нема никаква солиадаризација ниту од Брисел, ниту од Берлин, ниту од било кој друг главен град од земјите членки на ЕУ, додава Груби

Тој исто така, напоменува дека доколку не добиеме датум на јунскиот Самит, со новата бугарска Влада која треба да се избере некаде во август месец, ќе седнеме на сериозни преговори, бидејќи како што напомена тој, земјава е спремна да седне и да преговара.

– Убеден сум дека во Бугарија ќе има политичка Влада, која што ќе може да донесе одлука и која што ќе пристапи кон сериозни преговори, ние сме спремни да седнеме и да донесеме одлука. Доколку не успееме во овој последен напор во следната недела, тогаш сум убеден со новата политичка Влада, некаде во август ќе пристапиме со преговори, вели Груби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот