ГРК Охрид со нови договори за Ристески, Тасески и Кукуловски
ГРК Охрид ги продолжи договорите со тројца свои играчи. Левото крило Никола Ристески и пивотменот Иван Тасески ги продолжија договорите со клубот до 2028 година.
Препорачано
Левиот бек Дејан Кукуловски ќе остане верен на клубот до 2027 година.
Играчите предводени од тренерот Борис Ројевиќ моментно се на подготовки во Србија за пролетниот дел од сезоната.
Пред два дена ракометарите на Ројевиќ славеа убедливо со 40:21 над тимот на Врбас. Новото засилување, хрватскиот пивот Џанфранко Прибетиќ беше најефикасен со седум голови.
Како што најавија од клубот, на 17 и 18 јануари екипата ќе биде дел од петтото издание на турнирот „Вук Рогановиќ“ во Белград, каде што ќе игра полуфинале со екипата на РК Динамо Панчево (Србија), а во вториот ден ќе се играат натпреварите за пласман. Останати учесници на турнирот се РК Партизан (Србија) и РК Тримо Требње (Словенија).
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
19мин
-
32мин
-
60мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


