Фото: ГРК Охрид

ГРК Охрид ја заврши сезоната во Супер лигата со триумф над Тиквеш

Денеска во својот последен натпревар оваа сезона во машката ракометна Супер лига екипата на ГРК Охрид со 29:22 славеше против Тиквеш.

После првото полувреме тимот предводен од тренерот Борис Ројевиќ имаа предност од пет голови разлика (17:12).

Во победничките редови по четири голови имаа Косуке Јасухира, Христијан Софкоски, Николаос Лиапис и Владимир Бојаниќ.

На спротивната страна Томче Стојановски запиша 10 погодоци, а пет помалку имаше Мики Лазов.

ГРК Охрид сега целосно ќе се фокусира на реваншот од финалето во ЕХФ Европскиот куп против Татабања што ќе се игра на 31 мај во салата „Билјанини Извори“ (20.00 часот).

Потсетување, на првиот меч во Унгарија, македонскиот претставник триумфираше со резултат 29:28.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот