Грците ќе треба да испратат СМС на полицијата ако сакаат да излезат од дома за Божиќ
Грчката полиција ќе даде посебен акцент на одржување на рестриктивните мерки за време на Божиќ, кога секој што ќе ги прекрши рестриктивните мерки ќе плати 300 евра, пренесе агенцијата АНА.
Иако сè уште не е прецизирано што се ќе биде опфатено со рестриктивните мерки, можно е да се затворат метро станиците во Атина.
Конечната одлука за рестриктивните мерки ќе ја даде полицијата, а она што е веќе познато е дека полицискиот час од 22.00 до 05.00 часот ќе остане во сила за време на празниците, вклучиувајќи го Бадник и новогодишната ноќ.
Секој што ќе вози низ улиците на Атина за време на полицискиот час ќе биде запрен и ќе му се бараат документи, односно потврда за дозвола за движење за време на полициски час, што може да го имаат само медицински лица и работници на некои други служби.
Кој сака да ја напушти куќата на Божиќ за да ги посети роднините, ќе мора да испрати СМС и да ги извести властите каде оди, а истото важи и за враќање дома.