Грчкиот европратеник Кефалојанис: Во Северна Македонија ќе бидат принудени да прават салто

Манолис Кефалојанис/Фото: European Union

Грчкиот европратеник од Нова Демократија и ЕПП Манолис Кефалојанис го оцени Договорот од Преспа како „лош“ и рече дека „овој договор не само што е потпишан меѓу две држави, туку е ратификуван и од националните парламенти, така што, за жал, има предност над секој закон и било кој уставен поредок.

-Ако ја отвориме Пандорината кутија и станеме џунгла на ист начин, Турција ќе дојде да го доведе во прашање Договорот од Лозана и да побара од нас турско малцинство во Западна Тракија, да ги укинеме договорите од Лондон и Цирих и да сакаме поделба на Кипар. Верувам дека владата на Северна Македонија ќе направи неверојатно вртење или салто и ќе ги прифати обврските од Договорот од Преспа. Проблемот е нивен, а не наш, рече европратеникот во интервју за грчкото радио Realfm 97.8.

Европратеникот кој е претседател на Парламентарната комисија на Европската унија се осврна и на другите проблеми со грчките соседи, Турција и Албанија и ги покажа насоките на грчката политика во наредниот период.

„Турција е тежок сосед, но не се плашиме да преговараме со неа. Ние не преговараме под режим на страв“, нагласи грчкиот европратеник Манолис Кефалојанис и додаде дека „ни требаат поместувања на внатрешниот фронт, во општеството, политичките сили и ни требаат силни вооружени сили. Направивме важни чекори во оваа насока“.

Во друг момент од своето интервју, Кефалојанис изјави дека „ја набљудуваме Турција, ги гледаме проблемите, среќни сме што немавме прекршувања во последно време и што миграциските текови исто така запреа кај Еврос (Марица) и на островите. Добро е да разговараме. И секако дека ќе инсистираме на нашите позиции кои се позиции засновани на меѓународното право, одлуките на ОН и европското законодавство. Ова е нашиот компас“.

Осврнувајќи се на Албанија, Манолис Кефалојанис подвлече дека и покрај извиците на Рама „Да живее Грција“, тој многу ги повредил со Ласкарина Бубулина. Станува збор за грчката хероина од отоманскиот период и борбата за независност на Грција за која албанскиот премиер пред две недели рече дека е Албанка по потекло и дека зборувала албански јазик. Ваквите тврдења на Рама предизвикаа револт во Грција и во медиумите беа оценети како обид за фалсификување на историјата.

-Поднесовме извештај до Манфред Вебер за да и ставиме до знаење на Албанија дека прашањето не е грчко-албанско туку меѓународно и како европско законодавство ги вклучува заштитата на имотите и правата на Грците од Северен Епир, добрососедските односи“ рече Кефалојанис и додаде дека „Грција има право на вето“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот