Гутереш: Преспанскиот договор е сведоштво за моќта на дипломатијата, дијалогот и компромисите

Антонио Гутереш

Во видео обраќање на Конференцијата за мир и одржлив развој во Атина, генералниот секретар на Организацијата на Обединетите Нации, Антонио Гутереш посочи дека пред шест години ародите на Грција и Северна Македонија, предводени од нивните премиери Алексис Ципрас и Зоран Заев, се обединија за да помогнат во отстранувањето на долгогодишната пречка кон иднина на мир и стабилен развој, по што се дојде до постигнување на Договорот од Преспа.

„Преспанскиот договор е сведоштво за моќта на дипломатијата, дијалогот и компромисите. Сакам да го признам посветеното посредување на мојот личен пратеник во тоа време, Метју Нимиц. Договорот не само што го реши спорот за името, туку и ги отвори можностите за нови прилики за раст, контролирана размена и регионални партнерства. Додека го одбележуваме овој значаен настан, мора да најдеме начини повторно да се посветиме на принципите што доведоа до ова витално постигнување. Тоа ќе го направиме со градење на околина на доверба и меѓусебно разбирање, со промовирање на прекугранична соработка за стабилни инвестиции, социјална инклузија и заштита на животната средина“ порача Гутереш.

Меѓународната конференција за мир и одржлив развој, организирана од Институтот Алексис Ципрас и Фондацијата Зоран Заев – Едно општество за сите, се одржува денес и утре а предвидено е учество на шефови на држави, европски комесари, академици, поранешни шефови на држави и експерти од повеќе области.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот