Трамп за Зеленски: Тој е одличен бизнисмен, секогаш од САД се враќа со милијарди – со ова ќе се занимавам кога ќе влезам во Белата Куќа

фото: politico.eu

Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп изрази силна критика за американската помош за Украина на предизборниот митинг во Детроит, пренесува „Kиев индепендент“. 

Говорејќи на настанот „Пресвртница во САД“, Трамп тврдеше дека „ќе го реши тоа (американската помош за Украина) пред да ја преземе Белата куќа како новоизбран претседател“.

Трамп го опиша претседателот Володимир Зеленски како „најдобриот бизнисмен“ за обезбедување на значителна финансиска поддршка од САД.

„Мислам дека Зеленски е можеби најголемиот бизнисмен, погоолем од кој било политичар што некогаш живеел. Секогаш кога доаѓа во нашата земја, тој си заминува со 60 милијарди долари.Тој штотуку замина пред четири дена со 60 милијарди долари, се врати дома и објави дека му требаат уште 60 милијарди долари. Тоа никогаш не завршува“, тврди Трамп. „Ќе го решам тоа пред да ја преземам Белата куќа како новоизбран претседател“.

Трамп претходно изјави дека ќе ја запре одбранбената помош за Украина доколку победи на изборите во САД. Тој, исто така, тврди дека Русија не би ја започнала својата целосна инвазија на Украина во 2022 година, ако тој беше претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот