Војната меѓу Израел и Хамас ќе трае три години, најави поранешен генерал на ИДФ

Фото: Rojters

Војната меѓу Израел и палестинската група „Хамас“ ќе трае три години, нагласи во интервју за локалната радио станица Бригадниот генерал на израелските одбранбени сили (ИДФ) и поранешен министер Ефи Ајтам, објави весникот „Ерусалим пост“.

Изминатите 48 часа беа едни од најтешките од почетокот на војната со Хамас, со 12 војници на ИДФ убиени во борбите во Појасот Газа, од кои осум во градот Рафа.

„ИДФ си постави за цел да го уништи Хамас. Секој што носи оружје [во Газа] мора да умре. Мора да се конфискува целото оружје. Речиси цела Газа е во наши раце и можеме да дејствуваме релативно мирно. Војната ќе трае околу три години – една година е зад нас, следната година е војна во Либан, а годината потоа е загрижувачка за работите поврзани со Иран. Нема смисла да се грижиме за утре додека акцијата е се уште во зачеток“, рече Ејтам, потврдувајќи ја целта на ИДФ да го победи Хамас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот