Сали Бериша останува „нон грата“ во Велика Британија

Сали Бериша / Фото: EPA/ARMANDO BABANI

Поранешниот албански претседател и експремиер Сали Бериша останува непожелен за Велика Британија, откако не му е прифатена жалбата од страна на апелација на „Специјалната комисија за жалби за имиграција“ во Лондон.

„Адвокатите на Бериша се обидоа, но не успеаја да го поништат британското досие преку кое Министерството за внатрешни работи го прогласи за „нон грата“ на 19 јули 2022 година. Според Британците, поранешниот премиер бил вмешан во корупција, се мешал во работите на правдата и имал поврзаност со организиран криминал, објави Ора њуз, повикувајќи се на Ројтерс.

Британската агенција ја објавила одлуката донесена денеска во „Специјалната комисија за жалби за имиграција“, каде судијата во случајот го отфрлил тврдењето на Бериша дека „ужива имунитет и не може да биде казнет на ваков начин“.

-Сметаме дека е несоодветно да се примени формулата за имунитет како поранешен шеф на државата наведено во оваа жалба. Поради оваа причина и другите наведени на затворената седница, приговорот на господинот Бериша за забрана за влез во Велика Британија се отфрла, стои во одлуката.

Бериша (80) во мај 2022 година, САД го прогласи за „нон грата“ заедно со семејството (сопругата, синот и ќерката).

Тој од декември минатата година е во домашен притвор, по обвинението за вмешаност во корупција и злоупотреба на службената положба, при приватизацијата на спортскиот комплекс „Партизан“ во Тирана. За минимален финансиски износ просторот го добил неговиот зет за ќерка, кога Бериша бил премиер, каде изградил повеќекатници, здобивајќи се со над 5 милиони евра профит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот