Граѓаните на Косово за една година потрошиле над 4 милиони евра за визи

Статистиката во Косово покажува дека во 2022 година граѓаните поднеле 121.097 барања за виза, што покажува дека за визи во земјите од Шенген зоната се потрошени 4,2 милиони евра. Либерализацијата на визите во 2024 година не само што ќе ги отвори Косоварите кон светот, туку и ќе им заштеди многу пари, бидејќи нема да се трошат пари за визните такси, кои чинат околу 35 евра само за аплицирање, пренесува Монитор.

Трошоците се уште повисоки бидејќи во центрите за аплицирање за визи граѓаните плаќаат уште повеќе за други услуги вклучени во процесот на аплицирање, кои понекогаш може да изнесуваат вкупно 150 до 200 евра, покажа SchengenVisaInfo.com. Минатата година биле одбиени 13.674 барања, кои чинеле над 478.000 евра. Во текот на 2022 година, барањата за визи поднесени од косовските граѓани достигнаа рекордно високо ниво, а овие бројки може да се зголемат уште повеќе бидејќи се повеќелица аплицираат за визи за патување во Шенген зоната.

Во последните девет години, Косовците потрошиле приближно 22,3 милиони евра за барања за визи, каде што најголеми трошоци се забележани во периодот, по и пред пандемијата, поточно од 2019 до 2022  година. Минатата година беа успешни 102.017 барања за виза, што им овозможи на апликантите од Косово да ја посетат Шенген зоната, додека вкупниот број на повеќекратни визи издадени минатата година беше 4.360.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот