Граѓани и фирми му должат 36 милиони евра на Град Скопје за даноци и комуналии
Од Град Скопје информираат дека Секторот за даноци на имот и комунални такси евидентирал дека во периодот од 2020 до 2025 година, неплатените обврски за данок на имот, данок на промет, данок на наследство и подарок и комунална такса-фирмарина надминуваат 36 милиони евра.
Препорачано
„Даноците на имот и комуналните такси се значајни приходи за функционирањето на Градот, со кои се финансираат основни градски услуги, инфраструктурни проекти, трошоци на јавните претпријатија и јавните установи, како и работата на средните училишта“, велат од Градот.
Оттаму ги повикаа сите физички и правни лица кои се даночни и таксени обврзници во најкраток можен рок да ги подмират своите долгови. Граѓаните можат да направат увид и електронски да ги подмират долговите на овој линк, а на овој сајт се наоѓаат и контактите од сите службеници кои работат во овој градски сектор.
Доколку граѓаните кои ги немаат подмирено своите даноци одлучат плаќањето да го направат физички, долгот може да се плати преку даночните шалтери на Град Скопје секој работен ден од 8 до 19 часот, како и во сабота на 13 декември.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
4час
-
4час
-
4час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


