Градоначалникот на Приштина примил заканувачки пораки

Градоначалникот на Приштина, Шпенд Ахмети добил заканувачки пораки на неговата електронска пошта, пишуваат косовските медиуми.

Според нив, тој денеска бил во општинските простории каде имал вербална распаравија и со безбедносните службеници во општината.

Весникот Инсајдер, пишува дека се работи за човек по име името Шклзен Нокај.  Случајот е потвреден и од страна на полицијата.

– Денеска околу 11.00 часот во полициската станица е евидентиран случај на „закана кон службено лице“. Настанот се случил на улица „ОВК“ во Приштина, во општинската зграда. Полицијата го истражува случајот – рекоа од полицијата.

Досега, во врска со овој настан, нема реакции од страна на градоначалникот Шпенд Ахмети.

Се шпелулира дека причината за заканата кон Ахмети е поради земјиште во улицата „Дарданија“ во Приштина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот