Град Скопје забранил „Скопје Север“ да работи на мазут, топланата ќе се жали

Фото: Google Street View

„На топланата „Скопје Север“ денеска и изречена забрана да користи мазут од страна на инспектори од Секторот за животна средина во Град Скопје, изјави денеска Куштрим Рамадани, директорот на топланата.

Рамадани вели дека не знае дали решението што го добиле е во согласност со закон и најави дека ќе го обжалат.

Министерот за економија Крешник Бектеши претходно изјави дека во законот е предвидена можност да се користи алтернативно гориво за производство на топлинска енергија, односно мазут или дизел, но, како што порача, кога ќе се користи, мора да се запазат процедурите во државата.

„За нас е приоритет да не се доведеме во таква ситуација да треба да користиме алтернативно гориво за Исток и за Запад, со кои ние менаџираме како држава преку ЕСМ. Во делот на Скопје Север има Инспекторат за животна средина ако во случај работи со мазут или со дизел освен природен гас да ги проверат нивните лиценци и процедурите како ги ставиле овие енергенси во функција“, рече Бектеши.

Министерот додаде дека на топланата Скопје Север ѝ се понудени две опции, да се склучи договор за деловно техничка сораотка или за закуп, по примерот со топланите Скопје Исток и за Скопје Запад, но нема повратен одговор од раководството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот