Магла и загадување во Скопје / Фото: Слободен печат - Методи Здравев
Магла и загадување во Скопје / Фото: Слободен печат - Методи Здравев

Град Скопје со препораки во пресрет на очекуваното „зимско“ загадување на воздухот

Секторот за заштита на животната средина на Град Скопје предлага неколку мерки за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, согласно со акционите планови за воздух  во пресрет на зимската сезона и на очекуваните епизоди со зголемено загадување.

Препораките се следни:

– редовно чистење на оџаците од домовите и одржување на грејните тела;
– за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми или каков бил синтетички материјал;
– да се користи суво и чисто дрво за затоплување, без примеси од земја и отпадоци;
– печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот;
– редовен сервис на котли, печки и клима уреди за ефикасно согорување и помалку емисии на штетни материи.

Градот ги известува граѓаните и дека во претстојниот период ќе следат засилени инспекциски контроли на сите постројки кои поседуваат елаборати за заштита на животната средина или Б-интегрирани еколошки дозволи, а особено внимание ќе се посвети на откривање и спречување на спалувањето отпад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот