Град Скопје: Решени 1.550 барања од граѓани преку адресата [email protected]
На електронската адреса [email protected] граѓаните можат да пријавуваат предизвици во надлежност на градот, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа.
На електронската адреса за комуникација со граѓаните [email protected] досега се пристигнати 1.755 барања, од кои решени се дури 1.550, информираат од Град Скопје.
Препорачано
Според градските власти, најголемиот број граѓани на овој мејл имале прашања поврзани со даноците на имот, пријавиле проблеми поврзани со безбедноста на сообраќајот, односно барања да се постават платоа што ќе ги натера возачите да ја намалат брзината. Дел од барањата на граѓаните се однесувале на комуналниот сектор за кастрење суви гранки, сечење стари и суви дрвја и уредување на јавни зелени површини.
– На електронската адреса [email protected] граѓаните можат да пријавуваат предизвици во надлежност на градот, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа. Целта на овој проект е ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, која ќе придонесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани. Со ваквиот начин на комуникација Градот Скопје станува поблизок до скопјани и има за цел преку непосреден однос со граѓаните да ги реши секојдневните предизвици со кои тие се соочени – информираат од Град Скопје.


