Град Скопје: Почна реконструкцијата на едно од најубавите шеталишта во градот

Екипите на Град Скопје почнаа да го реконструираат познатото шеталиште пред Градски парк, од потегот кај скопската гостилница „Кај Жабарот” до почетокот на влезот во Градскиот парк, кај Министерството за земјоделство, умарство и водостопанство, веднаш спроти паркот на Франкофонијата.

-Во должина од 140 метри и со ширина од 10 метри, шеталиштето помеѓу тројниот дрворед на скопските липи ќе добие целосно нова и реконструирана патека од лиен бетон, а ќе бидат поставени и нови клупи и канти за џебен отпад. Овој потег иако е еден од најфреквентните делови од кејот на Вардар, веќе подолго време беше руиниран и преставуваше критично место при шетање или движење со велосипед, информираат од Град Скопје.

Ова, велат, не е прва активност на Град Скопје кога станува збор за реконструкција на јавните простори во градот, поточно Кејот на Вардар и Градскиот парк.

-Покрај целосно исчистеното корито на Вардар од хотелот „Александар Палас” до Аеродром што преставува големо задоволство за скопјани, Град Скопје е во завршна фаза и со реконструкцијата на шеталиштето на кејот „13-ти Ноември”, а во тек е и реконструкцијата на пешачките патеки во вториот дел од Градски Парк, каде веќе се обновени и сите пешачки мостови, се вели во соопштението од Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот