Град Скопје набави нови реквизити за рекреација за луѓе со попреченост

Фото: Град Скопје

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во соработка со Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ Скопје, промовира нови реквизити за игри за слепи и слабовидни лица, опремата и реквизитите за пинг – понг, бадминтон, како и повеќе специјализирани мултифункционални фитнес справи за лицата со попреченост.

Третата локација по средните училишта „Михајло Пупин“ и „Здравко Цветковски“, е училиштето „Јосип Броз Тито“, каде лицата со попреченост преку проектот на Град Скопје и Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет, можат бесплатно да вежбаат, да се дружат и рекреираат. Градот Скопје продолжува да дава силна поддршка во активностите за интеграција и подигнување на свеста во општеството за лицата со попреченост – информираа од Град Скопје.

Оттаму додаваат дека Град Скопје во континуитет вложува во креирање услови преку кои се овозможува стимулирање активности за инклузија, социјализација и рекреација на лицата со попречености.

Во рамките на овие заложби, во изминатите две години Градот Скопје е поддржувач на многубројни активности во насока на унапредување и подобрување на секојдневно функционирање, а една од нив е набавката на специјална опрема и реквизити за рекреација на лицата со попреченост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот