Град Скопје конечно се сети да стави рампа кај Порта Македонија

Фото: Слободен печат

Двапати се заменуваа плочките на плочникот кај Порта Македонија, кој целосно беше реконструиран и уреден пред пет години. Но поради негрижата на надлежните потоа и поради непреченото движење на возилата и на комбињата за достава кон градскиот плоштад, за кратко време плочките беа уништени.

Откако „Слободен печат“ алармираше за состојбата, Град Скопје реши да забрани влез на автомобили од кај Портата, освен за жителите на зградите на плоштад, а плочките беа обновени, беше поставена куќичка со редари кои не дозволуваа влез. Сепак и покрај тоа, непослушните скопјани никој не можеше да ги запре, па за кратко време плочките повторно беа искршени, а просторот пред Портата се претвори во паркинг за диви таксисти и за доставувачи.

И конечно Градот се досети дека може и поинаку. Откако по вторпат се заменија искршените плочки, од неодамна се постави рамка, која се подига само за влез на жителите. Во изминативе денови тука патролираат и полицајци, па таксистите – ги снема.

Конечно овој просторот заличи како што треба. Но прашање е, до кога? Останува уште малку да се подзачисти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот