Граничен премин „Богородица“ / Фото: Архива / скриншот

ГП Евзони е повторно затворен за сообраќај: Влез во Грција само преку Дојран и Меџитлија

Граничниот премин Евзони (ГП Богородица) од 11:00 часот е затворен за сообраќај, информираше АМСМ. Од македонска страна, пак, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, па граѓаните можат да ги користат другите гранични премини.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, со претежно суви коловози, а надвор од градските средини интензитетот на возење е умерен.

АМСМ посочува дека е потребно прилагодено движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата. Посебно внимание се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Овие делници вклучуваат: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Возачите се повикуваат на трпение и внимателност, особено кога се движат по планинските и руралните делови на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот