Готвач го каснала исечена глава на кобра додека ја подготвувал за вечера

Кобра/ Фото: МИА

Славниот готвач Пенг Фан додека подготвувал јадење што ретко се подготвува во азиските домови во последните години – супа од кобра, го каснала отсечената глава на змијата.

Фан ја отсекол главата на кобрата додека го подготвувал ова јадење, но кога одлучил да ја фрли во ѓубре по 20 минути, таа глава го каснала.

Главата на кобрата испуштила силен отров во неговиот крвоток, па несреќниот Пенг починал пред да пристигне во болница.

На прашањето – како е можно ова, одговор дава експертот Јанг Хонг -Чанг, кој ги проучува змиите веќе 40 години.

Тој тврди дека сите влекачите можат да функционираат и до еден час откако ќе изгубат дел од телото, па дури и, како во овој случај, целото тело.

„Сосема е можно главата да функционира и да ја гризне раката на готвачот. Иако змијата била мртва, рефлексите сѐ уште функционирале. Ова значи дека змиите можат да каснат и да внесат отров дури и откако ќе им ја отсечете главата”, објасни Хонг-Чанг и додава дека ова е многу невообичаен случај.

Треба да се потсети дека отровот што го ослободуваат кобрите предизвикува задушување и парализа, а доколку стигне само до очите, лицето веднаш станува слепо.

Затоа ракување со овие опасни влекачи не им се препорачува на неискусни лица.

Се сеќаваме само на Бернардо Алварез (62), познатиот ловец на најопасните змии од Филипините, кој тврдеше дека е имун на нивниот отров. Тој починал на лице место кога кобра му го гризнала јазикот, откако наводно се обидел да ја бакне.

Само неколку моменти пред неговата смрт, Алварез фатил еден од најотровните видови кобра што бил пронајден во населбата на 9 јули.

Публиката околу ловецот на змии потоа го бодрела и му ракоплескала. Додека тој, понесен од атмосферата, ја покажал змијата на ентузијастичките луѓе, дозволил да му се приближи до лицето додека се правел дека ја бакнува во уста.

Шокиран, Алварез врескал од болка, а потоа паднал на земја и набргу починал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот