Градежници работници / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески

Гостиварци граделе на диво, а фирми им помагале тоа да го скријат

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.С.(27), А.С.(27), А.С.(47), Б.А.(54), И.Б.(33), С.Е.(48), В.Р.(42) поради сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“, „фалсификување исправа“, „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.

„Првопријавениот, второпријавениот и третопријавената-нивна мајка, во својство на физички лица-инвеститори, во текот на 2021 и 2022 година на нивна катастарска парцела во Гостивар вршеле градежни активности спротивно од одобренијата за градба издадени од општина Гостивар. Четвртопријавениот Б.А., управител на Друштвото за геодетски работи, изготвил геодетски елаборат кој не се совпаѓал со основниот проект за градење и изготвил лажна исправа, која ја употребил како вистинска исправа на правното лице проектирање инженеринг и консалтинг од Гостивар“, соопштија од МВР.

Според МВР, петтопријавениот И.Б., управител на Друштво за производство, проектирање трговија, градежништво и услуги, изготвил завршен Извештај за извршен технички прием на објектот, според кој лажно е констатирано дека градбата е изградена според Одобрението за градење и основниот проект.

„Шестопријавениот С.Е., иако знаел дека овластениот градежен инспектор В.Р. со записник констатирал дека се гради надградба надвор од Одобрението и дека не се отстранети недостатоците во дадениот рок, документацијата за градбата ја проследил на 03.10.2022 по електронски пат до Агенцијата за катастар на недвижности каде што ја регистрирале градбата и издале имотен лист. Седмопријавениот В.Р., најправин изготвил записник со констатација дека објектот не е изведен согласно одобрението и дал рок да се отсранат недостатоците, но потоа не спровел контролен инспекциски надзор по решението со што на инвеститорот му овозможил да го стави објектот во функција“, стои во соопштението на МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот