Гошевски: Во Србија прво беше поставен криптомат, а потоа се донесе посебен закон

Душко Гошевски, експерт за крипто валути
Душко Гошевски, експерт за крипто валути, фото: Слободен печат

Во многу земји прво се појавиле крито-менувачниците, а потоа тие се регулирале со закон, а постојат и разни искуства за самото вовдеување на крипто средствата, вели адвокатот Душко Гошевски кој го следи процесот на крипто-технологијата, во врска со официјалното барање на Независнатат угостителска комора да се воведе крипто средство за угостителски услуги, како и крипто-АТМ апарати.

Гошевски, во изјава за „Слободен печат“ потенцира дека најпрво треба да ги разграничиме круптоменувачниците и криптоматите од самото издавање или тргување со крипто-средствата, а потоа да се разграничат и крипто-валутите и токените.

– Од споредбените искуства, крипто -менувавачниците предничат пред самата регулација на сферата. На пример, во соседна Србија првата менувачница беше отворена во 2012 година, а првиот криптомат во 2015 година, додека Законот за дигитален имот беше донесен на крајот на 2020 година. Во случај на нерегулирана сфера со Lex special односно со посебен закон, важно е почитување на посебните закони како што е Законот за спречување на перење и финансирање тероризам, Законот за трговски друштва (правна форма ) и секако посебните даночни закони. Во секоја држава после регулацијата во голема мера се олеснува функционирањето, бидејќи сите учесници на пазарот се ставаат во правна рамка, од ажурирање на клиент до издавање на потврда , „ваит пејпер“и така натаму – вели Гошевски.

Гошевски објаснува и дека „кај издавањето на крипто средства, токените исто така имаат своја посебност,криптокоини/парички, употребни токени и секако таканаречените secyrity tokens или asset tokens кои се во суштина финанскиски вложувања и можат да потпаднат како хартии од вредност“.

– Секоја држава различно ги регулира, Албанија на пример во делот на токените ја следеше легислативата на Малта. Во секој случај, регулацијата ќе ја разјасни оваа сфера која е секако доста комплексна – заклучува Гошевски.

Угостителите бараат да издаваат и да тргуваат со криптовалути

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот