Горивата се покачуваат од полноќ

Регулаторна комисија за енергетика/Фото: Слободен печат

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,64 % во однос на Одлуката од 4.1.2021 година.

Денешната одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати е резултат на зголемените берзански цени од изминатата недела. Растот на сите референтни цени на светските берзи следува по изјавата на министерот за енергетика на Саудиска Арабија, принцот Абдулаиз бин Салман, кој соопшти дека Саудиска Арабија ќе ги надмине договорените квоти на кратење, со цел да ја задржи сопствената економија и пазарот со нафта, по што од вторникот цената на нафтата Брент на берзите порасна за 5% и истата има вредност над 53 УСД $/t.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 04.01.2021 година.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,888 ден/кг и ќе изнесува 29,651 ден/кг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот