Ѓорѓевиќ: На Србија и претстои долг процес за да се реализира договореното во Охрид - Слободен печат

Ѓорѓевиќ: На Србија и претстои долг процес за да се реализира договореното во Охрид

За да се спроведе Договорот меѓу Србија, Македонија и Албанија, во делот поврзан со заедничките работни дозволи, Србија мора да го измени Законот за вработување на странци и Законот за странци.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, министерот за труд, вработување, боречки и социјални работи Зоран Ѓорѓевиќ, коментирајќи го договореното на состанокот во Охрид минатиот викенд, изјави дека Србија ја очекува долг процес за да се спроведе.

Тој верува дека оваа работа ќе биде полесна, бидејќи во земјите на ЕУ веќе постојат работни дозволи добиена во која било земја на ЕУ, која воедно е валидна и во сите останати земји-членки на ЕУ.

– Ние сакаме да го искористиме тоа и на некој начин да го копираме и кај нас. Србија се стреми да влезе во ЕУ и тогаш ќе ни биде многу полесно да се префрлиме на системот на ЕУ – изјави Ѓорѓевиќ за Танјуг.

Најпрво треба да се измени Законот за вработување на странци, кој е негова надлежност и Законот за странци, кој е во надлежност на МВР.

Потоа, додаде тој, ќе започнат преговори со Македонија и Албанија за склучување на некаков вид на договор кој би го дефинирал начинот како ќе се издаваат овие работни дозволи, кои би биле официјално важечки и ќе ги опфаќаат сите три земји.

Ѓорѓевиќ кажа дека веќе разговарал за измените на законот со министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ и дека двајцата ќе имаат состанок утре.

– Што се однесува до српското законодавство, ние брзо ќе решиме што треба да се промени, но после тоа мора да видиме како ќе го спроведеме тоа, а да бидеме ефикасни и да имаме сигурност на некој начин, рече Ѓорѓевиќ, кој додаде дека во Србија има недостиг на работна сила и дека Белград се обидува да привлече повеќе нови инвестиции.

– Секако, се поставува прашањето дали имаме доволно работна сила, и таа сигурно ќе ни биде потребна. Ние сакаме да бидеме лидери во регионот. Во вакви околности, неопходно е да се отворат границите и да се обезбеди можност луѓето од регионот да дојдат да работат во Србија – изјави Ѓорѓевиќ.

Определбата на Србија е да се избори за нови работни места, кои, како што кажа, може да се обезбедат само со пристигнување на големи инвестиции кои ќе дадат импулс на економијата, но и на малите и средни претпријатија кои ќе ги следат тие инвестициите.

Постапката за вработување на странци е поврзана со дозволата за привремен престој и работната дозвола, а во согласност со постојните закони дефинирани се и сите услови за вработување на странски државјани, констатираше министерот Ѓорѓевиќ.

Еден од условите за вработување на странци, кој конкретно се однесува на издавање виза за долг престој, ќе се применува од 1 јануари 2020 година, со кој работодавачот, односно компанијата што сака да вработи странец, ќе има можност од 1 јануари да ја започне постапката за издавање работна дозвола во исто време додека трае постапката за одобрување на виза за долг престој.

Постојат неколку начини на кои странец може да престојува во Србија, а еден од нив е понудата за работа од земјата во која се пријавува. Постапката за издавање работна дозвола се води пред Националната служба за вработување, а сите активности поврзани со добивање работна дозвола ги иницира работодавачот.

Прочитај повеќе

Бил Гејтс: Моите милијарди покажуваат дека економијата не е фер

Слободен Печат

Напад на Хутите во Јемен, 40 мртви

Слободен Печат

„Женскиот марш“ во Вашингтон со критики кон политиките на Трамп

Слободен Печат

Македонци носеле нерегулиран отпад во Бугарија – сопствениците на компанијатa негираат

Слободен Печат

Над 160 повредени во протестите во Бејрут (ВИДЕО)

Слободен Печат

Академик Георги Старделов ја доби Светската награда за хуманизам 2020

Алек Стојковски

Остави Коментар

15 − four =

Прочитај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Индонезија

Слободен Печат

Приведен новинар кој ја откри локацијата на Макрон

Слободен Печат

Јапонија воведува задолжително спиење на работното место

Слободен Печат

Голема снежна бура во Канада: Затворен аеродромот во Њуфаундленд, илјадници луѓе останаа без струја (ВИДЕО)

Слободен Печат

Солзавецот и водените топови се недоволни: Либанскиот претседател бара војската да ги растера демонстрантите (ВИДЕО)

Слободен Печат

Наезда на скакулци во Африка, најголема во последните 25 години

Слободен Печат