„Гореше асфалтот“: Доктор и медицинска сестра од Брзата помош раскажаа за трагедијата

Запалениот македонски автобус во Бугарија
Запалениот македонски автобус во Бугарија / Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

До запалениот македонски автобус на автопатот Струма први стигнаа д-р Бојко Господинов и медицинската сестра Албена Крумова од Итната помош во Перник и почнаа да помагаат.

„Првото нешто што го видов беше колку силно гореше автобусот. Колку беше повисоко, толку повисок беше пламенот. Имаше истурено гориво – се запали дел од горивото на асфалтот. Самиот асфалт гореше“, се присети д-р Господинов.

Лекарот и медицинската сестра веднаш поминале низ заштитната ограда за да помогнат.

„Неколку луѓе дојдоа до нас. Брзата помош генерално има три седишта – едно лежечко и две седечки. Најтешко повреденото лице беше ставено на носилка, уште две – на седиштата, а еден – да седи на подот од брзата помош“, изјави докторот.

Брзата помош ги пренела настраданите во Пирогов.

Медицинската сестра Албена Крумова се сеќава на ужасот во очите на луѓето кои излегоа од запалениот автобус.

„Девојката беше боса, претпоставувам дека е 17-годишна девојка, најмногу контактиравме со неа. Лицето и рацете и беа поцрнети, со рани од изгорениците, што поскоро ги однесовме во Брза помош за да ги пренесеме“, изјави медицинската сестра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот