Гордон Ремзи вели дека никогаш не треба да го нарачате ова јадење во ресторан

Фото: Профимедиа

Познатиот британски готвач Гордон Ремзи знае доста работи во врска со водењето ресторани, тоа е многу јасно. Кога го прашале какво јадење никогаш не нарачува во ресторан, тој дал сосема неочекуван одговор.

Ако размислите добро, Ремзи дал логичен одговор, но и уште неколку препораки кога се рестораните во прашање, пишува „Инди.100“ (indy.100.com).

Па да одиме по ред.

Дали го прашуваш келнерот за препорака?

„Навистина зависи од ресторанот, но келнерите обично ги пробуваат повеќето јадења од менито и можат да ви дадат увид во тоа што додал готвачот или што му се допаѓа на локалното население“, рекол тој.

„Патувајќи, добив многу одлични препораки од келнерите.“

Што никогаш не треба да нарачате во ресторан?

„Прашајте кое било вчерашното јадење на денот, пред денешното специјално. Може да се случи тоа да стане супа на месецот“.

Според него постои едно јадење што луѓето никогаш не треба да го нарачаат кога станува збор за јадење  во ресторан – супа на денот.

Дали е табу да нарачате стек добро печен?

„Добро прашање. Проблемот со премногу готвеното месо е тоа што го намалува вкусот и неверојатната текстура, затоа следете ја препораката на готвачот или секогаш придржувајте се до средно печен.“

„Дека секој може да поседува/води ресторан“?

Гордон Ремзи е познат британски готвач, ТВ ѕвезда и претприемач. Светската слава ја стекна благодарение на своите кулинарски способности, остри критики и, се разбира, на ТВ-емисиите.

Своето образование од областа на кулинарството го добил во Лондон и Франција, а подоцна работел во реномирани ресторани, вклучувајќи го и оној во Ројал хоспитал роуд во Лондон, каде што добил три Мишелин ѕвезди. Тој, исто така, стана познат по своите остри коментари и напорниот пристап во готвачките емисии како „Hell’s Kitchen“, „Kitchen Nightmares“ и „MasterChef“.

Покрај својата кулинарска кариера, Ремзи поседува голем број ресторани низ светот, со неколку Мишелин ѕвезди. Покрај тоа, тој напиша неколку книги за готвење и е многу влијателен на социјалните мрежи.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот