Ѓорческа се закити со титула во Шпанија – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Ѓорческа се закити со титула во Шпанија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа освои уште еден трофеј кога станува збор за мечевите во двојки на меѓународната сцена.

Ѓорческа денеска во големото финале на турнирот во Шпанија, поточно во Гечо заедно со Анастасија Комардина славеа со 2:0 за скоро еден и пол час игра.

Во завршната битка за титулата, нашата натпреварувачка и Комардина од Русија триумфираа по сетови 6:3 и 7:6 (4) против Ванда Лукаш (Унгарија) и Нина Стадлер од Швајцарија.

На патот до финалето, најпрвин во првото коло Ѓорческа и Комардина ги елиминираа Јоана Лоредана Роска (Романија) и Сандра Самир (Египет) со 7:6 (1), 5:7, 10:5.

Потоа, во четвртфиналето беа совладани шпанските тенисерки Ирене Буриљо Ескорихуела и Андреа Лазаро Гарсија убедливо со 6:2 и 6:0.

И во претпоследната пречка доминираа и им препуштија само еден гем на вторите носителки на турнирот, Гиомар Маристани Зулета де Реалес (Шпанија) и Деспина Папамихаил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close