Горан Иванишевиќ - Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Горан Иванишевиќ загуби на суд — поранешната сопруга не мора да му врати 2,47 милиони евра

Општинскиот граѓански суд во Загреб донесе првостепена пресуда според која Татјана Драговиќ не е должна да му врати повеќе од 2,47 милиони евра што од неа ги побаруваше нејзиниот поранешен сопруг Горан Иванишевиќ, пренесува „Кликс“. 

Иванишевиќ тврдеше дека станува збор за позајмица и бараше враќање на парите, но судот заклучил дека во текот на постапката не било докажано постоење договор за заем, ниту пак договорен рок или обврска за враќање на средствата.

Покрај тоа, судот одлучил на Татјана Драговиќ да ѝ бидат исплатени и трошоците за судската постапка во износ од 173.937 евра, заедно со законска камата.

Во текот на судењето биле разгледувани исказите на двете страни, банкарската документација и меѓусебната комуникација на поранешните сопружници. Судот навел дека фактот што Драговиќ подигнувала пари од заедничката сметка во Монако, како и од сметката на Иванишевиќ во Загрепска банка, сам по себе не докажува дека станувало збор за заем.

Да потсетиме, Горан Иванишевиќ поднесе повеќе тужби против својата поранешна сопруга и ќерката Амбер.

Со тужбите тој се обидувал да ѝ одземе дел од имотот што Татјана Драговиќ го добила врз основа на претходно потпишани договори, а од неа барал и враќање на наводна позајмица од околу 2,5 милиони евра.

Поради судските постапки, на Татјана Драговиќ ѝ биле блокирани сите сметки и ѝ било забрането располагање со имотот. Иванишевиќ поднел тужба и против ќерката Амбер, барајќи половина од станот што Татјана ѝ го подарила. Тој тврди дека договорот за подарок е спротивен на моралот на хрватското општество, а воедно навел и дека повеќе не плаќа алиментација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот