Гонзалес Лаја: Дигиталните сертификати за вакцинација на ЕУ ќе бидат подготвени најдоцна во јуни

Фото: EPA-EFE/Fernando Alvarado

Дигиталните сертификати за вакцинација на Европската Унија (ЕУ) ќе бидат подготвени најдоцна во јуни, рече шпанската министерка за надворешни работи, Аранча Гонзалес Лаја. Минатиот месец, лидерите на Европската унија се договорија да работат на сертификатите за да се обидат да стартува туризмот.

– Ако сè оди добро, ќе имаме серификат за вакцинација најдоцна во јуни. Ако може да биде во средината на мај, подобро, но не подоцна од јуни, додаде Гонзалес Лаја.

Таа додаде дека сертификатите нема да го спречат патувањето без вакцина, „но оние што имаат една ќе можат побрзо да ги преминат границите на ЕУ”.

Гонзалес Лаја за радиото „Онда Серо” денеска изјави дека Парламентот на ЕУ се согласил да ја забрза постапката. Но, таа предупреди дека во моментов „не е време за патување” и дека колку повеќе луѓето се поодговорни, „толку повеќе можности ќе имаме да поминеме нормално лето”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот