Голомразица на патиштата во гевгелиско, интервенирано со сол и песок

Снегот и голомразицата овој патен правец на неколку места го направија непреоден и по дојавата од мештаните, комуналците од Гевгелија излегоа на терен по што за кратко време патот повторно беше прооден.

Невообичаените ниски температури во гевгелиско и врнежите од снег на повисоките планински места во општината,кои предизвикаа голомразица на локалните патишта,ги натераа екипите на ЈПКД „Комуналец” од Гевгелија првпат зимава да интервенираат со фрлање сол и песок на локалниот пат Негорци-Серменин.

Снегот и голомразицата овој патен правец на неколку места го направија непреоден и по дојавата од мештаните, комуналците од Гевгелија излегоа на терен по што за кратко време патот повторно беше прооден.

-Располагаме со доволно количество сол и песок како и со соодветна механизација.Доколку на локалните патишта наврне повеќе снег,подготвени сме за брзи интервенции со цел да овозможиме непречено одвивање на сообраќајот,велат од Комуналното претпријатие во Гевгелија.

Голомразицата беше причина со расфрлање на сол и песок да се интервенира и на локалниот пат од Гевгелија кон планинското село Ума.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот