Голманот на Ростов е рекордер и играч на мечот, а прими 10 голови! (ВИДЕО)

фото: твитер

Името на 17-годишниот Денис Попов не е толку познато, но успеа да го натера целиот свет да зборува за неговите перформанси на дуелот со Сочи.

Луѓето од Ростов мораа со официјални соопштенија да објаснат зошто претрпеа таков убедлив пораз откако добија многу критики после натпреварот.

Името на 17-годишниот Денис Попов не е толку познато, но успеа да го натера целиот свет да зборува за неговите перформанси на дуелот со Сочи.

Секако ниту еден голман не може да биде среќен кога ќе прими 10 голови на еден натпревар, но овој млад играч е приказна на денот во фудбалскиот свет.

Иако неговиот Ростов загуби со дури 10:1, токму Попов беше избран за играч на мечот благодарение на неговите 15 директни одбрани (помеѓу кои и пенал) и така стана дури рекордер во руската Премиер лига иако има само 17 години.

Има и причина поради ваквиот висок пораз, вкупно шест играчи се заразени од коронавирус и поради тоа целиот тим мораше да биде во карантин. Ростов беше принуден да игра со деца на возраст од 16 и 19 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот