Големо откритие: Во бугарска пештера пронајдени најстарите остатоци од хомо сапиенс во Европа

Фото: Профимедиа

Во бугарската пештера Бачо Киро археолозите ги откриле најстарите остатоци од модерниот човек на европскиот континент, објавено е во магазините „Нејчр“ и „Нејчр Еколоџи и Еволушн“.

Според научниот труд објавен во магазините, претставниците на хомо сапиенс дошле во Европа, каде тоа време живееле неандерталци пред 45 илјади години. Тие потоа во потполност ги замениле неандерталците.

Меѓутоа, точното време на тој настан е непознато, а остатоците кои се однесуваат на таканаречениот ран горен палеолит, практично не постоеле.

Остатоците се стари преку 45.000 години

Во пештерата Бачо Киро во Бугарија, во 70-тите години на минатиот век, биле пронајдени палеолитски фосили од најраниот горен палеолит, за потоа тие остатоци да бидат изгубени. За време на 2015 година повторно почнале ископувања, кои довеле до откривање на најстарите остатоци на модерните луѓе на европскиот континент.

Научниците фактички пронашле многу фрагменти од коски, на чија основа не било можно да се утврди на кој вид припаѓаат и еден заб, кој по мислењето на научниците припаѓал на хомо сапиенс.

Тие потоа со метод на спектометрија ги анализирале протеинските секвенци од коскените фрагмени и утврдиле дека припаѓаат на хомо сапиенс.

– Повеќето прастари коски се толку фрагментирани што со голо око е невозможно да се утврди на кој вид припаѓа. Но, благодарејќи на спектометрија на протеините, можно е брзо идентифицирање на тие коскени фрагменти, објаснува Фридо Велкер, еден од учесниците во истражувањето и експерт за човечка еволуција од Институтот „Макс Планк“.

Со помош на комбинација на повеќе методи, истражувачите утврдиле дека остатоците се на хомо сапиенс, кои ја населиле пештерата, стари помеѓу 45.820 и 43.650 години.

Неандерталците од хомо сапиенсите ги усвоиле вештините и технологиите

Покрај човечки остатоци, археолозите пронашле и голема количина на камени алати, како и артефакти од коски на 23 различни видови на животни, вклучувајќи и фигури, како привезоци од заби на пештерски мечки, чив облик потсетува на украс, откриени во многу подоцни живеалишта на неандерталците на југот во денешна Франција.

На основа на тоа, научниците заклучиле дека неандерталците од припадниците на хомо сапиенс усвоиле вештини и технологии.

 

Според мислењето на уште еден учесник во истражувањето, Ценке Цанове, хомо сапиенс кој наверојатно поттекнува од југозападна Азија, во горниот палеолит брзо се населил од Бугарија до Монголија и набргу ги заменил неандерталците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот