Воена парада во Лондон/Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Голема воена парада Велика Британија по повод крајот на Втората светска војна

Воена парада, настани, пикници, изложби и кралското семејство од балконот на Бакингемската палата, вака Велика Британија денес слави 80 години од крајот на Втората светска војна во Европа.

Четиридневните прослави започнуваат денес со голема воена парада во Лондон – во присуство на британското кралско семејство и премиерот Кир Стармер – во која ќе учествуваат и украински војници, во знак на поддршка за Украина, разорена од војна, како и за оние на НАТО.

Во Европа која е загрижена додека војната во Украина продолжува, „мирот никогаш не треба да се зема здраво за готово“, изјави кралот Чарлс на 9 април во обраќањето пред италијанскиот парламент, осврнувајќи се на „одгласот на ерата за која ревносно се надевавме дека припаѓа на минатото“.

Опкружен со членови на кралското семејство, се очекува 76-годишниот Чарлс , кој се бори со рак веќе 15 месеци, да се појави на балконот на Бакингемската палата рано попладне за да се восхитува на старите и новите авиони што летаат на небото.

Овогодинешните комеморации по повод крајот на Втората светска војна се „момент на национално единство“, нагласи британскиот премиер Кир Стармер.

„Ова е момент да го прославиме овој тешко стекнат мир, да им оддадеме почит на оние што ги загубија своите животи и да се потсетиме на жртвите што ги направија толку многу луѓе за да ја гарантираат нашата слобода“, нагласи тој во соопштението.

Денеска ќе се одржи и прием во Бакингемската палата во чест на 50 ветерани од Втората светска војна и луѓе кои живееле во тоа време.

-Во време кога помладите генерации сè повеќе ја отфрлаат Втората светска војна, овогодишните комеморации се уште поважни бидејќи „тие се веројатно последната можност за преживеаните“ од таа ера да учествуваат – рече историчарот Роберт Хејзел од Универзитетскиот колеџ во Лондон.

Утре, вторник, кралицата Камила во Лондонската кула ќе ја посет инсталацијата составена од приближно 30.000 керамички афиони, симболи на жртвите од војната, додека многу згради во Британија, вклучувајќи ја и Бакингемската палата, ќе бидат осветлени.

Прославите ќе завршат во четврток, кога напладне ќе се одржи минута молк , додека молитва ќе се одржи во Вестминстерската опатија во присуство на кралското семејство, по што ќе следи концерт на Парадата на коњичката гарда во Лондон.

Покрај тоа, во четврток пабовите ќе можат да се затворат два часа подоцна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот